Политика

Шилегов: Десет милиони за негативната кампања против Заев

Шилегов: Десет милиони за негативната кампања против Заев

Милион евра се потрошени или ќе бидат потрошени за негативната кампања против струмичкиот градоначалник и лидер на СДСМ, Зоран Заев, тврди портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

„Милион евра ЕВРА од Груевски и ВМРО-ДПМНЕ за црната медиумска кампања против претседателот на СДСМ емитувана за само 10 дена. Околу 100 илјади евра дневно за спотови и пропаганда против Зоран Заев. Груевски и ВМРО-ДПМНЕ на Сител и на Канал 5 исплатиле или треба да исплатат  околу 60 илјади евра. За ден! По 30 илјади евра дневно за телевизиите на коалиционерите на Груевски, Ѕинго и Стојменов. По околу 10 илјади евра на ден за Алфа. По околу 800 евра дневно за оцрнување на Заев во Дневник и Утрински весник. По околу 30.000 евра на ден за билбордите низ земјава против претседателот на СДСМ“, вели Шилегов.