Шилегов: Фирмата „Визарис мкд“ на Талевска добила бизнис од милиони евра

Фирмата „Визарис мкд“, во која мнозински сопственик е мајката на новинарката Ивона Талевска добила договор од Министерството за здравство вреден над еден милион евра, тврди портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов на денешната прес конференција.

„Еве официјален документ кој покажува дека фирмата на талевска, визарис мкд, добила од груевски и тодоров и бизнис во здравството, тежок над милион евра! Ова е официјалниот документ од Бирото за јавни набавки. Овој документ покажува дека министерството на Никола Тодоров склучило договор со фирмата во која мнозински сопственик е мајката на Ивона Талевска, во вредност од 62 милиона 701 илјада 048 денари. Тоа е зделка од милион и 28 илјади евра со фирмата Визарис МКД, чија сопственичка е Лимба Талевска, а лице за контакт самата уредничка на Сител и главен и одговорен уредник во весникот Вечер, Ивона Талевска“, рече Шилегов.

Шилегов побара од одговори од власта во врска со неговите тврдења.