Видео:Шилегов нема ист аршин за новинарите

Слобода на медиумите, криење на информации, нееднаков третман во давањето на информации, клевети, навреди се само дел од обвинувањата на опозициската СДСМ која секојдневно ги упатува на адреса на владејачката партија. Опозицијата, кога станува збор за медиумите, често тврди дека ВМРО-ДПМНЕ е партијата која ги дискриминира новинарите, во зависност од медиумот кој го претставуваат. Но, следниот разговор го покажува токму спротивното. Имено, по написите дека Бранко Црвенковски е креатор на политиките на СДСМ, редакцијата на Курир, логично го постави прашањето: Дали искуството и идеите на Црвенковски можат да му помогнат на СДСМ?

Петре Шилегов, портпаролот на СДСМ, на ова прашање одговори на дрзок и несоодветен начин, близу до некултурен, за позицијата која ја извршува.

Ви го пренесуваме детално начинот на кој се одвиваше разговорот:

Курир: Господине Шилегов, денес медиумите објавуваат дека Бранко Црвенковски е креатор на политиките на СДСМ.

Можат ли неговите идеи и искуство да му помогнат на Социјалдемократскиот сојуз?

Шилегов: Вие сте од Сител, така?

Курир: Не, од Курир.

Шилегов: Значи од Курир. Вие од Курир тврдевте минатата недела дека Зоран Заев не е претседателот, туку дека е времен претседател и дека Бранко Црвенковски управува со СДСМ. Така што, не би коментирал медиум кој што за недела дена радикално ги менува своите ставови.

Курир: Денешниот текст не беше на Курир. Се повикавме на друг медиум кој го напиша тоа.

Шилегов: Пак ви кажувам. Ние кажавме, господинот Црвенковски е долгогодишен претседател на оваа партија и секое искуство негово може да се вклопува и е вклопено во функционирањето на СДСМ. Меѓутоа, непринципиелните и луцидни позиции кои ги заземавте изминатиов период во односот меѓу претседателот Заев и претседателот Црвенковски, се непринципиелни за да може воопшто да коментираме.

За разлика од овој одговор, Шилегов, кон новинарите од опозициските медиуми има посмирен и попријателски однос, со што покажува за неговата непрофесионалост во извршувањето на портпаролската партиска функција.

По оваа реакција на Шилегов, се прашуваме дали новинарските здруженија ЗНМ и МАН, ќе го осудат чинот во кој јасно се гледа дискриминација на новинарите.

Оттука се поставува и прашањето до опозицијата, до кога планираат да ја трујат јавноста дека дека некој друг, а не тие, правеле дискриминација кон медиумите и се залагале за слобода на медиумите?