Македонија,Политика

Шилегов овозможил редица бизниси на фирмата на Црвенковска

Шилегов овозможил редица бизниси на фирмата на Црвенковска

Нетпрес вчера објави документ, во кој се гледа дека портпаролот на СДСМ Петре Шилегов во улога на претседател на второстепената комисија за јавни набавки во владата на СДСМ, ја фаворизирал фирмата СЕМОС во кој значителен удел во сопствеништвото има токму сопругата на Бранко Црвенковски Јасна Црвенковска. Со одлуката на Шилегов, фирмата СЕМОС се враќа во трка на меѓународниот тендер за набавка на компјутерска опрема, кој го распишал Централниот регистар.

Но, денес објавуваме два нови документи каде се гледа дека Шилегов повторно одлучувал директно во полза на СЕМОС. Овој пат одлуките на Шилегов значеле доделување на набаквите на фирмата СЕМОС каде еден од сопствениците е и сопругата на Бранко Црвенковски. Имено, со решение на кое стои потписот и печатот на Шилегов  се одбива жалбата на фирмата Некстсенс ДОО Скопје која се однесува на распишаниот тендер за програмско усовршување на вработените на ЈП Водовод и Канализација и набавката директно припаѓа на фирмата СЕМОС Компјутери.

20140313_125658

Уште една одлука на Шилегов  со која директно се доделува бизнис на фирмата каде дел од сопственичката структура има сопругата на Црвенковски е решението потпишано од Шилегов во 2004-та година, со кое ја одбива жалбата на фирмата Неоком која се жалела на тендерската процедура за набавка на информатички услуги и опрема за министерството за финансии и бирото за стокови резерви, набавка која повторно доаѓа во рацете на СЕМОС Комопјутери.

20140313_123510

И ова не е се. Потписот на Петре Шилегов  стои на уште едно решение со кое се отфрла жалбата на фирмата КЛанком Компјутери во однос на тендерот за набавка на компјутерска опрема на Министерството за труд и социјална политика, а добиник на тендерот е повторно СЕМОС Скопје.

Она што е забележително, кога и да одлучувал Шилегов за жалби по јавни набавки, секогаш победник на тендерските постапки е фирмата СЕМОС.

Сите други биле исклучувани или нивните жалби отфрлани. Со ваквите одлуки Шилегов овозможил бизнис на фирмата СЕМОС, чии износ и договори само ним им се познати. Она што е сигурно дека износот на таквите тендери не бил воопшто мал имајќи во предвид дека услугите на СЕМОС компјутери чинат позамашни суми на пари. Наспроти апслотуниот молк на Шилегов на оваа тема, треба да се одговори на дилемата колку бизниси и пари отишле на контото на фирмата на сопругата на Црвенковски, дали тендерските постапки се законски и дали и колку фирми се оштени. Најважно, пак, е дали Шилегов свесно одработувал за интересите на Црвенковски и СДСМ и дали освен СЕМОС постојат и други фирми кои се блиски до раководството на СДСМ а на кои Шилегов им овозможил тендери и бизниси?