Шилегов: Владата лани префрлила 1,5 милиони евра на Канал 5 и Алфа

Милион и половина евра Владата лани им исплатила на телевизиите Канал 5 и Алфа, тврди портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

„Овие документи покажуваат дека во 2013 година Владата на Никола Груевски префрлила над 280 илјади евра на сметката на Канал 5 телевизија, преку најмалку пет трансфери. Дури 240 илјади евра од овие пари Владата ги префрлила на Канал 5 во еден ден на 30-ти ноември 2013 година. Дополнително, исто така преку само пет трансфери, Владата на Никола Груевски предлила над 230 милиони и на сметката на Алфа телевизија. Идентично како примерот со Канал 5, најголемиот дел од овие пари, дури 216 илјади евра Алфа телевизија ги добила од Владата во само еден ден, на 10-ти декември 2013 година“, вели Шилегов.

Шилегов прашува дали на овој начин Владата ги плаќа кампањите на ВМРО ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.