Шиповиќ: Не подлегнувам на притисоци од ниту една страна

Претседателот на Советот на општина Центар, Мирослав Шиповиќ кој деновиве беше мета на неговите сопартијци кои јавно се посомневаа дека денеска ќе биде „предавникот“ на СДСМ и ќе гласа „ЗА“, според нив „спорни ДУП-ови“ предложени од советничката група на ВМРО- ДПМНЕ, пред почетокот на Седницата се обиде да ги демантира гласините дека ќе прави нешто што е против негова волја.

„ДУП-овите не се ставени на дневен ред затоа што е лето, зима или есен, туку што имам законска и деловничка обврска за тоа, без разлика од кого се поднесени. Уште еднаш потврдувам дека нема да гласам за криминалниот проект „Скопје 2014“ и тоа секогаш сум го правел на дело, а  не декларативно. Сакам да потенцирам дека никогаш нема да дозволам мојата и судбината на семејството да биде тема за политичко профитерство ниту на СДСМ, а уште помалку на ВМРО-ДПМНЕ. Јас не подлегнувам на притисоци на ниту една страна и тоа сум го покажал. Работам според зконот. А да ме интересираа пари тоа ќе го сторев на почетокот и немаше со брат ми да лежиме во затвор осум месеци,“ изјави Шиповиќ.

ДУП-овите за кои деновиве се крена врева, се последни на дневниот ред на Седницата на Општина Центар, а Седницата е во тек.