Шиповиќ воздржан по предлогот на Жерновски да се повлечат „спорните“ урбанистички планови

Деталниот урбанистички план за Мал ринг, кој вклучуваше надградба и барокна реконструкција на ГТЦ, нема да се разгледува на денешната седница на Советот во Општина Центар, бидејќи советничката група предводена од ВМРО-ДПМНЕ, која ја предложи точката, реши да ја повлече. Шиповиќ гласаше против повлекувањето на оваа точка со образложение дека еднаш засекогаш треба да се реши овој урбанистички план.

По долготрајна расправа околку измените на ДУП-овите „Тасино Чешмиче“, „Капиштец-Водно“, градоначалникот Андреј Жерновски предложи точките да се повлечат. Опозициските советници гласаа „за“, а „советниците од ВМРО-ДПМЕ со коалицијата „против“. Единствено воздржан во гласањето беше претседавачот Мирослав Шиповиќ.