Ширењето на НАТО на границата со Русија е демонстрација на непријателски намери

Секое ширење на НАТО силите во близина на руските граници ќе се смета како демонстрација на непријателски намери, соопшти висок руски дипломат.

Во интервју објавено денеска, заменик министерот за надворешни работи на Русија, Владимир Титов вели дека Русија ќе мора да ги преземе сите неопходни чекори и воено-технолошки мерки за да ја обезбеди својата безбедност.

Титов за агенцијата Интерфакс додаде дека тој пристап на ширење на НАТО силите може да биде распоредување на базните ротации, а не на постојаните бази.

Овој коментар следеше по понудата на амерканскиот претседател Барак Обама за зголемување на поддршката на НАТО со источните и западните европски членки кои се загрижени од руските акции во Украина.
Обама во својот говор на 4 јуни реле дека Полска никогаш нема да биде сама, како и Естонија, Литванија, Романија…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.