Шкендија и Вардар ќе играат во Кичево, но без публика

Дербито на 30-то коло помеѓу Шкендија и Вардар ќе се одигра утре во Кичево на стадионот на Напредок со почеток од 16:30 часот, но без присуство на публика.

По препорака на Министерството за внатрешни работи поради инцидентот кој викендов се случи во Куманово, Фудбалската федерација на Македонија одлучи овој натпревар од висок ризик да се одигра пред празни трибини.

Трите натпревари од плеј-офот беа презакажани за утре и тоа најмногу поради дуелот на Шкендија и Вардар кои требаше да ги одмерат силите во Куманово.

Поради фактот што остануваат уште три кола до крајот на првенството сите натпревари од разигрувањето за титулата мораат да се одиграат во ист ден и во ист термин. Вчера единствено се одиграа двата натпревари во рамки на плеј-аутот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.