Спорт

Шкендија се соочува со Дисциплинска постапка од страна на УЕФА

Шкендија се соочува со Дисциплинска постапка од страна на УЕФА

Европската куќа на фудбалот УЕФА и официјално поведе Дисциплинска постапка против Шкендија, по извештајот на делегатот од првиот натпревар од Лигата на Европа против Абердин во Скопје.

Во текот на овој меч, голманот на Абердин, Дени Ворд, беше цел на неодговорни гледачи кои со ласер го попречуваа во вршењето на својата задача.

Исто така, навивачката група “Балисти” запали неколку факели на трибините, што беше забележано од делегатот на натпреварот.

“Дисциплинската комисија на УЕФА отвори постапка против Шкендија за користење на ласер од трибините”, објави УЕФА.