Шќип: Албанците во ИСИС се користат како жив штит

Албанците што војуваат со останатите странски борици од групата „Исламска држава“ се користат како „жив штит“, тврди албанскиот весник „Шќип“.

Според весникот, албанските џихадисти се во првите борбени редови на нападот и често се користат за самоубиствени напади, додека локалните борци како Сиријци и Ирачани се вклучуваат во подоцни фази, кога регионот е „исчистен“ и добиваат организациски задачи.

Весникот „Шќип“ пишува дека ваквите тврдења се собрани од неодамнешни извештаи на тајни служби и светски медиуми. Весникот тврди дека според властите околу 240 албански борци се наоѓаат во Сирија и Ирак.