Спорт

“Шќипоњат” повторно направи скандал – го запали македонското знаме

“Шќипоњат” повторно направи скандал – го запали македонското знаме

Повторно скандал на кошаркарска средба во Косово, овојпат на дуелот меѓу Пеја и Сигал Приштина на која било запалено македонското знаме.

Според информациите, навивачката група “Шќипоњат” го запалила нашето државно знаме, пееле националистички песни, а ги исвиркувале и навредувале Македонците Бојан Трајковски и Марјан Илиевски кои се дел од Приштина. Причината за тоа се случувањата во Куманово, односно полициската акција која се случи минатиот викенд.

Вакви инциденти во кои “настрадуваше” македонското знаме имаше и во минатото и на други спортски манифестации кои се одржуваа на Косово.