Шкотска ги легализираше истополните бракови

Шкотскиот парламент донесе закон со кој им се дозволува на припадниците од ист пол да склучуваат брак и покрај острото негодување од страна на двете најголеми цркви.

Парламентот дозволи склучување на геј бракови, а законот ќе стапи на сила оваа есен.

Законот нема да ја присилува црквата да одржува церемонии при склучувањето на овие бракови. Овој закон е сличен со оној што Велика Британија го усвои минатата година.

Двете најголеми цркви во земјата се против овој закон и најавиле дека не планираат да одржуваат церемонии за склопување на истополни бракови.

Со овој закон ќе се признаат и истополните бракови што се склопени во странство.