Шкотска ќе добие поширока автономија

Неколку часа по објавувањето на резултатите од рефендумот во Шкотска, британскиот премиер Дејвид Камерон најави дека пошироката автономија за Шкотска би требало да биде оследена и со пошироката автономијата за Англија, нагласувајќи дека секој договор по рефендумот треба да биде фер и траен.

Камерон најави дека планот за предавање на новите поголеми овластувања на Единбург го подготвил членот на британскиот Парламент и поранешен премиер, Шкотланѓанецот Гордон Браун, додавајќи дека предлог-законот за проширување на автономијата ќе биде готов до јануари.

Според Би-Би-Си, усвојувањето на законот ќе биде одложено за по изборите во мај 2015 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.