Шкотска прогласи „интернет“ независност

Откако не успеа да изгласа независност од Велика Британија на референдумот во септември минатата година, шкотската Влада ја исполни својата цел на интернет, менувајќи го името на својот домеин од „gov.uk“ на „gov.scot“, пренесе МИА.

Пет месеци по неуспехот на референдумот, интернет страницата на владата на полуавтономниот регион е достапен на адресата „www.gov.scot“. Досегашната адреса „www.scotland.gov.uk“, засега останува се уште активна.

– Употребата на домеинот „scot“ не обединува со шкотската заедница во светот, која избира да го искаже на тој начин идентитетот и сродството, изјави шкотскиот заменик прв министер Џон Суини.

Домиенот „.scot“, за кого долго се залагаше поранешниот прв министер Алекс Салмонд, е воведен во септември 2014 година. Според владата тој веќе се користи од над 8.000 компании и организации.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.