Шкотскиот референдум како пример за Тексас?

Претстојниот референдум за независност на Шкотска, ги поттикнува поддржувачите на кампањата за отцепување на Тексас од Соединетите американски држави, пишува „Ројтерс“, пренесува Нетпрес.

Претседателот на Тексашкото националистичко движење, Даниел Милер, кој настојува законодавниот орган на оваа сојуна држава да го постави прашањето за отцепување од САД на гласање на референдум, го оцени шкоткскиот референдум за самоопределување, закажан за 18 септември, како многу позитивен сигнал.

„Ако Шкотска може д го направи тоа, тогаш може и Тексас“, изјавил Милер.

Според него Тексас, кој е водечка американска држава по производство на говедско месо и на нафта, би бил 12-та по големина економија во светот, надминувајќи ги Мексико или Шпанија.

Тексашкото националистичко движење се бори за независност од крајот на 90-те години.

„Независно дали ќе се стигне до победа или до пораз, шкотскиот референдум служи како извор за инспирација и информација за тоа што се случува овде, во Тексас“, рекол лидерот на движењето.

Около 20 отсто од гласачите во оваа сојузна американска држава посочиле дека би поддржале отцепување на Тексас од САД, пред се’ поради реизборот на Барак Обама за претседател, додека околу 67 отсто се против независност, покажала анкета изработена во јануари, 2013 година.

Тексас има околу 27 милиони жители. Во политиката на државата доминираат републиканците. Веќе две декади таму не победил демократ, пишува „Ројтерс“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.