Шлепер од 20 тони се преврте кај Сарамзалино

Се преврте камион пред Сарамзалино, објавува Канал 5 телевизија.

Според информации од СВР Штип во сообраќајката учествувале патничко моторно возило и шлепер . Во обид да го избегне возилото при претекнување возачот на шлеперот загубил контрола на камионот и се превртел до патот.

При превртувањето камионот го закачил возилото.

Во судирот се повредени возачот на автомобилот и неговата ќерка и возачот на камионот, тројцата се пренесени во штипската Клиничка болница, поради тоа што на местото на несреќата поминувало нивното болничко возило кое се враќало од Скопје.

Пред Сарамзалино поради несреќата има мал застој на сообраќајот.

На место на настанот увид прави екипа од СВР Свети Николе .