Шмајхел: Парите за Фалкао требаше да се вложат на друго место

Легендарниот голман на Јунајтед, Питер Шмајхел изјави дека е добра работа што Фалкао го одбрал токму Манчестер Јунајтед, но и покрај тоа мисли дека тие пари требало да се вложат на друго место.

„Мислам дека завршија добра работа. Мило ми е за овие играчи што дојдоа на Олд Трафорд, ќе ми биде задоволство да ги гледам во наредниот период. Убаво е да имате играчи со таков квалитет, но не мислев дека на таа позиција ни треба фудбалер. Имаме фантастични играчи на таа позиција како Руни и Ван Перси. Сепак, добро е да чуете дека играч од светски калибар го имате кај вас“, изјави Шмајхел.