Спорт

Шмелцер, Мустафи и Воланд само ќе навиваат за Германија

Шмелцер, Мустафи и Воланд само ќе навиваат за Германија

Стандардниот првотимец во дресот на Борусија од Дортмунд, Марсел Шмелцер е најпознатиот фудбалер кој не го помина последниот филтер и кој не доби покана да биде дел од конечниот список со 23-фудбалери кои ќе го носат репрезентативниот дрес на Германија на престојниот Мундијал во Бразил.

Освен Шмелцер, предводникот на популарните “панцири”, Јоаким Лев, не испрати покана и до дефанзивецот на италијанскиот калчолигаш Самдорија, Шкодран Мустафи и до напаѓачот на Хофенхајм, Кевин Воланд.
Репрезентацијата на Германија ќе игра во групата “Г” каде за противник ги има селекциите на Португалија, САД и Гана.

СОСТАВ:
ГОЛМАНИ: Ноер (Баерн М.), Ваиденфелер (Борусија Д.), Циглер (Хановер). ОДБРАНА: Боатенг (Баерн М.), Друм (Борусија Д.), Гроскројц (Борусија Д.), Ховедес (Шалке), Хумелс (Борусија Д.), Лам (Баерн М.), Мертесакер (Арсенал). СРЕДЕН РЕД: Дрекслер (Шалке), Гинтер (Фрајбург), Геце (Баерн М.), Крамер (Борусија М.), Кедира (Реал М.), Крос (Баерн М.), Озил (Арсенал), Ројс (Борусија Д.), Шурле (Челзи), Шваинштајгер (Баерн М.). НАПАД: Клосе (Лацио), Милер (Баерн М.), Подолски (Арсенал).