Шојбле: Грција да продолжи со реформите

Грција треба да продолжи по патот на реформите независно кој ќе победи на парламентарните избори во државата на 25 јануари, изјави германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле, пренесе МИА.

Тој додава дека кој и дапобеди на изборите треба да се погрижи Грците да продолжат по патот на реформите по кој Грција со голема европска солидарност имаше значителен напредок во изминатите неколку години.

– Изборите нема да ги променат основните услови, додаде Шојбле.

Тој вели дека реформите се во интерес на самата Грција. Шојбле е со став дека не учествува во предизборната борба на Грција и оти Грците се тие кои сами треба да одлучуваат.