Шојбле попушти: На Грците им треба време

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле оцени дека треба да и се даде „малку време“ на грчката влада на Алексис Ципрас која дојде на власт пред само еден месец.

– Новата грчка влада има силна поддршка од народот. Имам доверба во неа дека ќе ги усвои потребните мерки, ќе воспостави ефикасна фискална администрација и на тој начин ќе ги исполни своите обврски, изјави Шојбле во интервју за гелманскиот весник „Билд ам Зонтаг“.

-На една новоизбрана влада, треба прво да и се даде малку време. Да се владее не значи да се соочиш со стварноста, додаде Шојбле.

Инаку германските пратеници во петокот дадоа „зелено светло“ за четиримесечното продолжување на програмата за помош на Грција, откако претходно европските миснистри за финансии по тешките преговори успејаа да постигнат компромис со Грција.

Атина се обврза дека за возврат ќе продолжи со реформите и мерките за штедење.

фото: AP

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.