Шок во НАТО – откриени 11 воени руски авиони над Литванија!

Единаесет руски воени авиони синоќа биле престретнат од НАТО патролата над Балтичкото море, соопштија денеска литванските официјални лица, во моментот кога Москва одбележа годишнина од присоединувањето на Крим кон Русија, еден од најголемите воени вежби во изминатите неколку години.

НАТО авијацијата пресретна група од осум воени авиони „Su-27“ и „Su-34“ и три руски воени транспортери над меѓународните води во вторникот, соопшти портпаролката на литванското министерство за одбрана, пренесува Ројтерс.

Таа дополни дека ова се први руски воени авиони кои воздухопловната патрола на НАТО ги пресретна оваа година и додаде дека пилотите ги исклучиле предавателите за да ги избегнат радарите за да не комуницираат со контролата на летот.

Цивилниот авиосообраќај над Балтичкото мре беше загрозен поради тајните летови.

Година дена по присоединувањето на Крим кон Русија, Москва во понеделникот најави воени вежни со воени авиони, подморница и повеќе од 45.000 војници на потегот од Арктикот до Црното море.

Руските воени авиони во вторникот летале ненајавено од РУсија до Калинјинград на границата на НАТО со членките Полска и Литванија, наведе портпаролката.

Според неделните извештаи литванското министерство, патролата на НАТО пресретна 16 руски воени авиони од почетокот на оваа година.