Шок во Омиш, на врвот на тврдината поставено палестинско знаме

На врвот на тврдината во хрватскиот град Омиш, наместо хрватското знаме се појавило палестинското.
Градоначалникот Иван Ковачиќ бил изненаден од оваа вест и дал наредба знамето да се тргне и повторно да се постави хрватското знаме.

„Срамота е некој да се игра со хрватскаото знаме, грб и државните симболи. Тоа го направи здружението Алмиса Опер Ер. Имаат некаков перформанс. Не знам од кои мотиви се водени, но тоа е крајно неприфатливо,“ изјави градоначалникот Ковачиќ.

Алмиса Опен Ер е омишко здружение кое организираше дводневен фестивал за современа уметност. Се претпоставува дека знамето е подигнато во знак на солидарност со палестинскиот народ.

Според информациите на Индекс.хр полицијата го привела познатиот сплитски уметник Борис Шитум . Но тој за 21 час бил пуштен по разговор во полицијата.