Шок за Аргентина, Агуеро тешко повреден

Најверните фанови на Аргентина се во голем шок откако репрезентативниот доктор потврди дека повредата која брзоногиот напаѓач Серхио Агуеро ја заработи на дуелот против селекцијата од Нигерија е од посериозна природа и најверојатно нема да биде во состојба да му помогне на својот тим до крајот од Мундијалот во Бразил.

„Агуеро се пожали на силна болка во бутниот мускул. Првиот лекарски преглед покажа дека станува збор за сериозна повреда. Голема е веројатноста дека Серхио нема да биде во состојба да и помогне на својата репрезентација до крајот од Мундијалот во Аргентина. Ова е сериозен удар, но ние сме немоќни”, изјави репрезентативниот доктор.