Секс

Шокантни тврдењa на научниците: Мажите сакаат повеќе секс, но жените се вистинско чудо

Шокантни тврдењa на научниците: Мажите сакаат повеќе секс, но жените се вистинско чудо

Иако разни експерти со години се натегаат околу силината на машкото и женското либидо, докторите од еден од најпосетуваните светски лекарски сајтови ВебМД конечно пресекоа, да, мажите имаат поголема потреба за секс, но затоа жените имаат некои неверојатни карактеристики.

Мажите повеќе размислуваат за секс

Многу би рекле „да, знаеме“, но мнозинството мажи под 60 години мислат на секс барем еднаш дневно, додека само четвртина од жените велат дека мислат на секс секој ден.

Вечното прашање: Што точно ги „пали“ жените?

И вечниот одговор – компликувано е. Мажите имаат една сигурно ерогена зона, допирањето на пенискот секогаш успева да ги „стартува“. Кај жените ситуацијата е поинаква и изненадувачка.

Кога научниците на мажите и жените им пуштиле порно филмови, мажите се возбудиле кога виделе згодна жена, геј мажи кога виделе згодно момче. Кај жените, дури и жените кои се изјаснувале дека се стрејт, ситуацијата се менувала. Нив ги привлекуваат маќи, но и жени. Поради широкиот спектар на женската сексуалност и фактот дека не ги привлекува одреден тип, жените се склони кон хомосексуалност, бисексуалност и експериментирање. Не значи дека тоа и ќе го направат, но мајката природа им ја дала таа опција.

Женскиот сексуален нагон е повеќе условен од надоврешната средина

Жените кои се пообразовани често се многу посклони кон преверзии под чаршавите, додека религиозните се посмирени во креветот. Кај мажите овие фактори ретко нешто менуваат. Инаку, на жените многу влијаат и ставовите на нивните пријателски во однос на некоја сексуална пракса, за разлика од мажите кои не зависат многу од мислењата на нивните пријатели.