Шокантно признание: Руски тренери допингуваат млади спортисти

Рускиот министер за спорт ја шокираше руската, но и светската јавност, откако обелодени дека постојат тренери кои ги користат сите средства, најмногу допингот, за да стигнат до богати награди од Русија за извадени врвни спортисти, пишува порталот Спортмедиа.

Шокантната изјава на Мутко доаѓа откако германската телевизија „АРД“ низ документарец објави за гигантска афера за систематски допинг во атлатиката, по кој ИААФ и светската анти-допинг агенција (ВАДА) имаа голема акција во најголемата светска држава и направија тестови на над три илјади спортисти.

Според Мутко, постојат тренери кои допингуаат деца и ги подготвуваат на тој начин за врвни резултати.Предупреди дека младите спортисти се изложени на „најголемото зло“, само поради алчноста на тренерите, додавајќи дека Русија мора да прекине да ги наградува тие тренери со големи бонуси, за секој што ќе „открие“ млад атлетичар, кој победил на голем настан.

„Ќе одиме по спортските школи и ќе ги ловиме тренерите кои по секоја цена сакаат да остварат врвни резултати, за да добијат пари од награди“, најави Мутко. „Русија секогаш била и секогаш ќе биде сериозна и одлучна во битката со допингот. Ние за четири години направивме нешто, што некои не можат ни за неколку децении. Ние имаме само два отсто од спортистите кои се дисквалификувани. Исто, колку што има и во САД, Велика Британија…“, додаде Мутко.

Руската анти-допинг агенција (РУСАДА) во минатиот месец дисквалификуваше неколку атлетичари поради кршење на анти-допинг правилата, меѓу кои олимписки медалисти како Сергеј Кидрапкин, Валери Борчин, Олга Канишкина (брзо одење), светскиот првак во брзо одење Сергеј Бакулин, олимпискиот шампион од Лондон на 3.000 метри стиплчес Јулија Зарипова, како и бронзената во хептатлон, Татјана Чернова.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.