ШОКАНТНО ПРИЗНАНИЕ: „Си го задавив бебето поради лошата материјална состојба“

Триесет и седумгодишната И.О. од Прељина, во близина на Чачак признала дека извршила чедоморство. Таа веднаш по породувањето го задавила своето бебе и го фрлила во полско WC.

-Сакав да се ослободам од бебето поради очајната материјална состојба. Ја задавив веднаш по породувањето и ја фрлив во полско WC, рекла таа.

Вчера таа била сослушана во полицијата, по што е пуштена на слобода бидејќи било проценето дека не размислувала трезвено за време на породувањето.

Криела дека е бремена

„Таа живее малку подалеку од семејството Симиќевиќ. Во моментот кога полицијата стигна пред нејзината куќа, таа не била при себе. Рекла дека сакала да се ослободи од детето поради лошата материјална состојба. Веднаш признала дека детето го задавила по породувањето. Го слушнала плачењето на бебето, но набрзо го усмртила“, изјавил извор од истрагата за српски „Курир“.

Интересно е тоа што сведоците изјавиле дека таа секогаш носела широка облека и не ни претпоставиле дека е бремена. Дури и нејзиниот сопруг не знаел дека таа на ваков брутален начин го убила детето.

Стојна Симиќевиќ (59), во чиј двор било пронајдено мртвото новороденче, вчера се расплакала од големиот шок.