ШOКАНТНО ВИДЕО: Жена прегази демонстранти во Минеаполис

Жена со својот автомобил вчера буквално поминала низ демонстрантите кои протестираа во Минеаполис, во знак на револт поради одлуката да не биде осуден полицаецот белец кој го застрела Афроамериканецот Мајкл Браун.

Кога виде дека демонстрантите го блокираат патот, таа решила да не застане, туку да ја премине живата барикада, при што бутна една жена на земја. Жената се здобила со лесни телесни повреди.

Нејзината постапка видно ги вознемири демонстрантите, кои разлутено викаа по неа, употребуваа погрдни зборови и  го оштетуваа нејзиниот автомобил.