ШОКАНТНО: Заев пред Груевски признава пораз од над 150 илјади гласови

Сите манипулации на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, паѓаат во вода. Попладнево на Јутјуб се појавија видеа на кои се гледа дека самиот Заев бил свесен дека неговата партија има далеку помала поддршка на изборите во однос на ВМРО-ДПМНЕ на Никола Груевски.

Во новите снимки од разговорите меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски и првиот човек на опозицијата Зоран Заев, на кои претседателот на СДСМ директно признава дека неговата партија секако ќе ги изгубела изборите со голема разлика.

На видео снимката може да се слушне како Заев отворено признава дека тој не би бил сериозен доколку кажел дека ќе победеле на изборите и нагласува дека „ако беа чесни изборите, пак ќе изгубевме“.

-При тоа, отворено кажувам, како поинаку да кажам не би бил јас сериозен, ако кажам дека ќе победевме ние на изборите. Ако беа …, јас го кажав тоа, ако беа чесни изборите- пак ќе изгубевме. Му вели Заев на Груевски во снимката која попладнево се појави на Јутјуб.

Оваа јасна потврда и шокантно признане на Заев недвосмислено покажува дека лидерот на опозицијата џабе обвинува и се обидува да ги манипулира граѓаните, бидејќи според негово лично признание тој бил свесен дека ги губи изборите. Заев самиот признава дека анкетите кои ги правеле покажуваат предност на Груевски од 7-8 отсто.

-Чекај Зоран, ти правеше ли анкети пред избори? Правев. Што кажуваа, ајде искрено. Дека водите. Колку водиме? 7 отсто, 8 отсто. Веруваш ти во тие анкети? Што ти си ги порачал? Па да. Како да ти кажам, дека атмосферата беше таква дека… победуваме ние, како да ти кажам. ОК…, може да се слушне од другото видео.

Разликата за која самиот Заев е свесен е всушност разликата која континуирано се одржува во последните неколку години и во број на гласови изнесува околу 150.000 гласови предност на ВМРО-ДПМНЕ.

Еден процент разлика во довербата е еднаков на 18.000 гласови (избирачкиот список содржи 1.779.000 гласови, 1 отсто е 18 илјади. Осум отсто помножено со 18.000 гласови изнесува околу 150.000 гласови разлика. Заев директно признава пред премиерот Груевски дека тој не сака да лаже и дека знаел дека ги губи изборите со огромна разлика.