Шон Мерион пристигнува во Кливленд?

Ако може да им се верува на медиумите во САД, еден од најдобрите кошаркари на Далас, Шон Мерион е пред преселба во Кливленд.

Вчера стартувале разговорите меѓу двете страни, а Кливленд е сериозно заинтересиран за неговите услуги иако може да му понудат само минимални услови.

По доведувањето на Леброн Џејмс и Реј Ален, заедно со првиот пик на драфтот Ендру Вигинс, сега на мета е и Шон Мерион. Ако на тоа се додаде дека постојат преговори да се доведе и Кевин Лав, а и дека веќе го имаат Кајри Ирвинг, Кливленд следната сезона ќе биде страв и трепет за противничките тимови.

Сепак, дали овој трансфер ќе биде остварен во голема мера зависи и од самиот Мерион, кој има примамлива понуда од Индијана, која очајно бара “тројка” по повредата на Пол Џорџ.