Шон Мерион сепак ќе заигра за Кливленд

Ветеранот Шон Мерион потпиша договор со Кливленд и догодина ќе игра заедно со Леброн Џејмс во тимот.

По завршувањето на сезоната Мерион стана слободен играч откако му заврши договорот со Далас Маверикс. За него беа заинтерерисрани Индијана, Мајами и Лос Анџелес Клиперс, но тој повеќе сакаше да игра со Џејмс во тимот и се обврза да потпише договор како ветеран, заработувајќи го минимумот од тој договор.

Четирикратниот ол-стар кој имаше просек од 10,4 поени и 6,5 скока по натпревар ќе биде вистинско засилување за тимот од Кливленд кој сака по секоја цена да направи тим кој ќе атакува на шампионската титула во НБА лигата уште во првата сезона.

Покрај Џејмс и Мерион, за тимот уште потпишаа Мајк Милер, Џејмс Џонс, а се погласни се шпекулациите дека до крајот на неделата во тимот треба да пристигнат и ол-стар крилото од Минесота Кевин Лав како и најдобриот шутер, ветеранот Реј Ален.