Шпанија: Уапсени 8 лица кои учествувале во странски војни

Шпанската полиција приведе денеска осум луѓе обвинети дека учествувале во воени дејствија во Донбас на страната на сепаратистите.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека апсењата се извршени во шест региони во државата.

Според полициски извор, станува збор за „проруски“ настроени луѓе „од крајната левица“.

Осомничени се за поседување огнено оружје, соучество или помагање во убиства, нарушување на неутралитетот на шпанската држава во тој конфликт. Уапсените поставиле на интернет видео-материјали на кои позираат со огнено оружје и се фалат со вклучување во редовите на сепаратистите.