Шпанија: Уапсени осум лица бидејќи украле 60 милиони долари од картички

Шпанската полиција соопшти дека се уапсени осум лица, шест од Романија и двајца од Мароко, поради сомнеж дека со хакерски напади и фалсификувани картички од банки ширум светот украле повеќе од 60 милиони долари.

Со хакерската група управувала една лице е уапсено, но повеќе детали не се познати.

Лидерот на групата, експерт за информациони технологии, ги правел хакерските напади на база на податоци на компаниите кои што обработуваат кредитни картички и ги менувал безбедносните мерки, вклучувајќи ги ПИН броевите и лимитите за подигнување на готовина, а потоа неговите „ќелии“ ширум светот правеле лажни кредитни картички користејќи ги тие информации, а потоа подигнувале пари.