Спорт

Шпанија, Унгарија, Норвешка и Данска обезбедија пласман во главната фаза на ЕП

Шпанија, Унгарија, Норвешка и Данска обезбедија пласман во главната фаза на ЕП

Кодомаќинот на ЕП во ракомет за жени, репрезентацијата на Унгарија, вечерва ја забележа првата победа, совладувајќи ја Полска со 29-23.

Бидејќи Полска има два пораза од две кола, Унгарките, заедно со првопласираните Шпанки веќе се пласираа во главната фаза и останува само во последното коло од групата А да разрешат кој ќе продолжи како првопласиран.

Без проблеми понатаму оди и Норвешка, благодарение и на втората убедлива победа, овој пат со 34-23 против Украина. Данска иако ремизираше со Романија, поради поразот на Украина исто така е сигурна во главната фаза.

ГРУПА А: Шпанија 4, Унгарија 3, Русија 1, Полска 0.

ГРУПА Б: Норвешка 4, Данска 3, Романија 1, Украина 0.