Шпанската медицинска сестра излечена од ебола

Медицинската сестра Марија Тереза Ромеро, која се зарази со ебола додека се грижеше за заболени пациенти, ја надвладеа болеста.

Надлежните во болницата во Мадрид велат дека нејзините резултати од тестирањата се негативни, како резултат на лекувањето со експерименталната терапија која содржи антитела од преживеани заболени.

Во текот на денов европските министри за надворешни работи ќе разговараат за моменталната состојба со еболата, од која во Западна Африка загинаа над 4.500 лица.

Марија Тереза ​​беше прв случај на заболен од ебола во Европа, која најверојатно се заразила со болеста при неправилно отстранување на заштитната облека.