Шпанската полиција разби бугарска мрежа за проституција

Полицијата во Шпанија разби мрежа за илегална трговија со луѓе, која носела жени од Бугарија во земјата, кои биле принудувани на проституција.

Меѓу уапсените во акцијата се единаесет Бугари и еден Шпанец, а меѓу уапсените се и шефовите на мрежата.

– Групата врбувала жени во Бугарија ветувајќи им работа во Шпанија, а потоа ги принудувала на проституција. Жените исто така ги терале клиентите да употребуваат алкохол и наркотици, а потоа ги ограбувале. Во некои случаи биле украдени и по 15.000 евра од кредитни картички, се посочува во соопштението на полицијата.

Во заедничката акција на шпанската, бугарската и германската полиција ослободени се пет Бугарки, а конфискувани се 9.305 евра, 540 британски фунти, неколку комјутери, два автомобила, голем број документи и многу наркотици.