Шпанската полиција уапси 26 италијански мафијаши

Полицијата во Шпанија уапси 26 лица за кои постои сомневање дека се членови на италијанската мафијашка организација Камора.

Оваа организација е препознатлива по перење на пари преку шпански компании.

Полицијата ги уапсила осомничените во рации во Мадрид и заплениле пари и дрога.

Осомничените треба да бидат изведени пред судија на сослушување заради трговија со дрога, членство во криминална организација, перење пари, фалсификување и затајување данок.