Шпанската полиција заплени 900 килограми кокаин

Шпанската полиција запленила 900 килограми кокаин кој што бил сокриен во ранци кои што пловеле по морето со уреди за следење.

„Кокаинот беше сокриен во 37 ранци кои што биле опремени со софистициран систем за следење така што подоцна можеа да се извадат од морето“, навела тамошната полиција.

Се верува дека дрогата бил наменета за јужниот регион Коста дел Сол кој што е популарен меѓу странските туристи.

Полицијата не навела колкава е вредноста на запленетата дрога. Запленети се и 72.000 евра, како и накит, луксузни часовници, возила и еден брод.