Шпанската влада бара каталонскиот референдум да се прогласи за нелегитимен

Шпанската влада денеска официјално побара од Уставниот суд да го прогласи за нелегитимен референдумот за независност на Каталонија,  соопшти премиерот Мариано Рахој, изјави МИА.

– Организирање на ваков референдум е целосно спротивно на шпанскиот устав – изјави Рахој.

Изјавата на шпанскиот премиер доаѓа откако лидерот на шпанскиот североисточен регион Артур Мас во саботата закажа одржување на референдум за 9 ноември.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.