Спорт

Шпански дуел за Фернандо-Љоренте

Шпански дуел за Фернандо-Љоренте

Валенсија доби и повеќе од сериозна конкуренција во каталонскиот гигант Барселона кога е во прашање потписот на шпанскиот интернационалец од редовите на старо-новиот шампион на Италија, тимот на Јувентус, Фернандо Љоренте.

Иако во изминатите неколку недели, Љоренте постијано изјавуваше дека е среќен во Торино и дека сака со “старата дама” да слави во најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони, италијанските медиуми се убедени дека поранешниот напаѓач на Атлетик (Б) не ги исполнил големите очекувања на Антонио Конте кој во новата сезона ќе примени и нова тактика која нема да му одговара на шпанскиот интернационалец.

Високиот напаѓач ќе биде продаден на првиот клуб кој ќе испрати официјална понуда не помала од 12 мил. евра.