Шпански медиуми заинтересирани за посетата на министерот Тодоров

Универзитетската општа болница на Валенсија, HGUV фондацијата за истражувања и Министерството за здравство на Република Македонија потпишаа договор за соработка, со цел да соработуваат за обука на здравствените работници и немедицински кадар.

Се промовира размена на информации како и поттикнување на заедничко учество во медицински истражувања, пренесува Здравство24.

Ова е еден од текстовите објавени во електронските изданија на неколку шпански медиуми за посетата на министерот за здравство Никола Тодоров на нивната земја.