Шпански свештеник заразен со ебола во Либерија

Шпнаски свештеник кој е заразен со смртоносниот вирус ебола е вратен денеска во Шпанија со авион од Либерија, соопшти шпанското министерство за одбрана.

Свештеникот Мигуел Перез, кој помагал при лечењто на заразените од ебола, бил позитивен на тестот во болницата во Монровиј, кој го направил оваа недела.

Сестраната Хулијана од Екваторијална Гвајана, која има шпанско државјанство и која работела заедно со свештеникот во Либерија исто така е вратена, но таа не е заразена.

Двајц ата работеле за една католичка хуманитарна група која има свои болници ширум светот, пренесува АП.

За прв пат се случува лице заболено од ебола да биде пратено во Шпанија на лечење.

Шпанското министерство за здравство соопштило дека овој случај претставува минимален ризик по јавното здравје.