Свет

Шпанскиот крал си ја намали платата за една петина

Шпанскиот крал си ја намали платата за една петина

Шпанскиот крал Фелипе Шести си ја намали платата за 20 проценти за 2015 година, исполнувајќи го ветувањето за поскромна монархија, пренесува МИА.

Во соопштението од кралската палата се наведува дека 47-годишниот крал Фелипе оваа година ќе добие 234.204 евра, што е за една петтина помалку од сумата што ја добиваше татко му Хуан Карлос пред да абдицира во јуни.

Буџетот на кралското семејство е замрзнуван или намалуван од 2009 година поради економската криза во Шпанија. И во 2015 година кралскиот буџет ќе остане непроменет, со сума од 7,8 милиони евра.