Свет

„Шпигел“: Ангела Меркел имаше сообраќајна несреќа

„Шпигел“: Ангела Меркел имаше сообраќајна несреќа

Германската канцеларка Ангела Меркел, викендов на автопатот А10 имала мала сообраќајна несреќа во која никој не е повреден, но причинета е материјална штета, дознава „Шпигел“, а германската полиција денеска ја потврдила информацијата. Зад воланот на другиот автомобил седел 82 годишен пензионер.

Несреќата се случила во неделата во Бранденбург, на автопатот А10 на излезот Берлин-Вајсанзе.

Медиумите пишуваат дека 82 годишниот пензионер, очигледно поради привид свртел лево и се судрил со службениот автомобил на Меркел.

По краток прекин на патувањето, Меркел продолжила со еден од автомобилите кои ја следеле.

Возачите на Меркел, како што пренесува германскиот магазин, се истренирани за вакви ситуации, но тешки сообраќајни несреќи на германските шефови, за среќа, за сега немало.