„Шпигел“ : Дали грчките службеници земале мито?

По информациите изнесени од грчките власти дека 5.260 службеници изнесле во странство 1,5 милијарди евра од 2010 година до крајот на минатата година германскиот весник „Шпигел“ го поставува прашањето дали државните службеници во Грција земале мито?.

– Властите во Грција ја интензивираат истрагата за затајувањето даноци и кругот на државните службеници. Се претпоставува дека сепак само за четири години државните службеници изнеле во странство стотици милиони евра и прашањето е дали тие пари се од поткуп, пишува „Шпигел“.

Според весникот очигледно е дека неплаќањето даноци е широко распространето и во круговите на државните службеници во Грција.

Според листата, 329 од тие службеници се на раководни функции.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.