Балкан

„Шпигел“: Грција ќе банкротира до летово

„Шпигел“: Грција ќе банкротира до летово

По неуспехот на состанокот на министрите за финансии на Еврогрупата, на кој не беше постигнат договор за програмата за финансирање на Грција, земјата се повеќе се доближува до банкрот, а се повeројатно е и нејзиното истапување од еврозоната, оценува денеска германскиот политички магазин „Шпигел“.

„Ако не стигнат нови пари од европските партнери, Грција ќе банкротира во текот на претстојново лето, а можеби и порано“, оценува магазинот, потсетувајќи дека само до крајот на март на име камати Атина на доверитлите мора да им исплати 2,2 милијарди евра.

Доколку и успее финансиски да ја преживее пролетта, веќе во јули на Грција ќе и требаат свежи пари или во спортивно ќе мора да прогласи банкрот.

„Во таков случај, една банкртирана Грција ќе биде се поблизу до напуштање на еврозоната“, смета „Шпигел“.

Поради најновата криза со неизвесноста околу програмата за финансирање на Грција, грчките банки секојдневно бележат загуби, а нивните клиенти парите ги префрлаат во странство, додава германскиот магазин.