„Шпигел“: Меркел го запира Шојбле

Партијата на Ангела Меркел се договори со Социјалдемократите да формираат влада два месеци по изборите за Бундестагот

„Меркел го запира Шојбле“, под овој наслов германскиот неделник „Шпигел“ пишува за несогласувања меѓу германската канцеларка и нејзиниот министер за финансии, поради евентуална нова спасувачка помош за Грција, што ќе биде доделена на земјата пред евроизборите, соопштува грчкиот сајт „Њуз ин“.

Списанието тврди дека Меркел проценила дека ваквата помош ќе ги раздразни германските евроскептици пред гласањето во мај.

Меѓу Ангела Меркел и Волфганг Шојбле повторно има несогласувања за линијата на европската политика. Канцеларката го запре проекти на министерот за финансии за обезбедување на нов пакет помош за Грција пред евроизборите во мај, пишува „Шпигел“, додавајќи дека „Меркел ја информирала Владата во Атина дека не може да се потпре на таа одлука, бидејќи се’ уште не е донесена“.