Свет

„Шпигел“: САД во мај 2009 година шпионирале 122 светски лидери

„Шпигел“: САД во мај 2009 година шпионирале 122 светски лидери

Американската агенција за национална безбедност (НСА), само за еден месец, во мај 2009 година, собрала сведоштва за 122 светски лидери, соопшти германското списание „Шпигел“, цитирајќи ги документите на поранешниот американски агент Едвард Сноуден.

Според ДПА, имињата на највисоко позицонираните „цели“ во мај 2009 година се подредени по азбучен ред. Тие почнуваат со Ангела Меркел, канцеларот на Германија, и завршуваат со тогашната украинска премиерка Јулија Тимошенко.

Документот, цитиран во „Шпигел“, покажува дека само во посочениот месец во базата со податоци на НСА за Меркел биле собрани над 300 поединечни информации. Минатата година веќе беше објавено дека НСА го прислушкувала телефонот на Меркел и тоа не беше демантирано од Вашингтон.

Според списанието, во документот што бил покажан во редакцијата има само 12 имиња, за кои во овој месец биле собрани разузнавачки податоци. Меѓу нив, според американските медиуми, се наоѓаат имињата на лидерите на Перу, Сомалија, Гватемала, Колумбија, Малезија и Белорусија.