„Шпигел“: Се очекуваат насилни демонстрации за време на самитот Г7

Германските безбедносни органи стравуваат од насилсни демонстрации за време на самитот на шефови на држави или влади на Групата седум индустриски најразвиени држави што ќе се одржи на 7 и 8 јуни во баварскиот дворец Елмау, сместен близу Гармиш-Партенкирхен во баварските Апли. Тоа се гледа од документ на безбедносните служби во кои имале увид од весникот „Шпигел“ , пренесува МИА.

Во него се наведува дека баварската Служба за заштита на Уставот укажува дека треба да се смета на поголем дел демонстранти подготвени на насилства, односно околу 3.000 насилници.

Основа за загриженост е како што се наведува, во фактот дека сојузот Стоп Г7 Елмау, не се дистанцирал од насилствата во Франфурт од март на отворањето на новата централа на Европска банка кога беа повредени 150 полицајци. За безбедноста на самитот ќе бидат ангажирани 17.000 поицајци.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.