Шпионски скандал ја тресе Австрија: Германската БНД и НСА на САД имале договор за прислушување?

Автсриските медиуми објавија договор под називот „Транзит“, кој што германската разузнавачка служба БНД го склопила со германскиот Телеком, а кој треба да ги докаже тврдењата дека Германците ги шпионирале австриските институции за потребите на американската НСА, пренесува „Танјуг“.

Овој документ, објавен од страна на виенскиот весник „Кронен цајтунг“, потврдува дека австриските компании и политичари 11 години се следени за потребите на НСА, односно им била пресретнувана електронската пошта и телефонските разговори. Договорот, како што нагласува весникот бил предаден во БНД и и во Телекомот, но и во бирото на германската канцеларка Ангела Меркел.

Со овој документ германскиот Телеком од 1-ви март 2004-тата прифатил на БНД да им даде увид во сите расположливи податоци.

БНД благодарение на тој договор имал можност да го превзема целиот електронски сообраќај од Виена, Рим и Москва, а кој одел преку централата во Франкфурт.

Сите собрани податоци, како што тврди австрискиот пратеник Петер Плиц, понатаму биле трансферирани на серверот на БНД, а потоа од централата на оваа служба биле препраќани кон единицата во Бад Ајблинг за „Заедничка активност“ во која е вклучена и НСА.

За прифаќањето на документите германскиот Телеком одбивал 6.500 евра месечно.

Министерот за надворешни работи на Австрија Себастијан Курц побара целосно расветлување на аферата. Тој на неговиот германски колега Франк – Валтер Штајнмајер му ја пренесе загриженоста на Виена и побара да се испрашаат тврдењата поврзани со шпиунажа.

Министерката за внатрешни работи на Австрија Јохана Мики – Лајтнер на почетокот на месецов поднесе пријава против непознати лица за шпионажа, а Плиц најавува дека ќе поднесе пријави против службениците на германски Телеком БНД и германската влада.